Во првиот квартал на 2024 година, вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) изнесуваат 225.019 милиони денари и на квартална основа се зголемени за 14.178 милиони денари. Средствата на останатите финансиски институции учествуваат со 20,9% во средствата на финансиските институции. Анализирано по потсектори, пензиските фондови имаат најголемо учество од 65,6% во вкупните средства на ОФИ, а по нив следуваат осигурителните друштва со учество од 16,0%.
Најголем дел од средствата на ОФИ се однесуваат на вложувања во должнички и сопственички хартии од вредност со учество од 51,7% и 26,0%, додека на страната на обврските главно се обврски по основ на технички резерви на осигурување и капитални сметки, со учество од 54,6% и 35,7%, соодветно.
Најновото соопштение за позначајните движења кај ОФИ е достапно на следната врска: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/OFI/2024/Soopstenie_za_pecat_OFI_Q1_2024_mk.pdf