Раководството на Арсенал не сака фудбалерот на лондонскиот клуб Вилијам Салиба да настапува за француската репрезентација на претстојните Олимписки игри во Париз, пренесува Parisien.
Салиба (23) е член на Арсенал од 2019 година, а извесно време помина на позајмица во Ст. Етјен, Ница и Марсеј.
Француските медиуми пренесуваат дека стручниот штаб на француската репрезентација планирал фудбалерот на Арсенал да игра за „Триколорите“ на Игрите во Париз.
Сепак, челниците на Арсенал не сакаат Салиба да игра за репрезентацијата на Олимпијадата бидејќи францускиот фудбалер имаше напорна сезона. Салиба оваа сезона одигра 50 натпревари за лондонскиот клуб во сите натпреварувања.
Исто така, Салиба е на списокот на францускиот селектор Дидие Дешам за претстојното Европско првенство кое од 11 јуни до 11 јули ќе се игра во Германија. Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.