Кабинетот на собранискиот спикер ѝ одговори на Бисера Костадиновска-Стојчевска

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

„Претседателот на Собранието го остварува правото на употреба на албанскиот јазик во службената комуникација, што е загарантирано со уставот, важечките закони и прописите на Собранието. Ова законско право ќе го остварува во текот на целиот мандат. Претседателот Гаши се залага да гарантира дека сите собраниски процедури, во согласност со правата и обврските кои произлегуваат од законите, го почитуваат и унапредуваат нашето мултикултурно општество“.

Вака ѝ одговорија од Кабинетот на претседателот на Собранието на екс-министерката за култура и пратеничка од СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска која претходно го прозва Гаши дека го скршил законот со тоа што при полагањето заклетва во Собранието прво се обрати на албански, а потоа на македонски јазик.

Во моментот кога се случи ова, никој не реагираше од пристутните пратеници. Но, еден ден подоцна министерката за култура, сега пратеничка на СДСМ, партијата која се повикуваше на слоганот „Едно општество за сите“ , поднесе претставка.

Од кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши, за ТВ21 велат дека употребата на албанскиот јазик е загарантирана со устав и дека ова право ќе го користи во текот на целиот мандат.

Гаши откако положи заклетва, рече дека ќе се погрижи на секој пратеник да му се гарантира правото на изразување и дека ќе се залага ниту еден пратеник да не биде дискриминиран.

Гаши за претседател на Собранието е предложен со потписи на 75 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата ВРЕДИ и „Движењето ЗНАМ“.

Бисера Костадиновска-Стојчевска поднесе претставка до Надзорните служби на Министерството за култура бидејќи смета дека е прекршен законот за употреба на македонскиот јазик.

Share This Article