Најсигурниот стручњак за трансфери Фабрицио Романо откри дека Реал Мадрид ќе го претстави Килијан Мбапе уште пред почетокот на еврото.
Мбапе е под договор со ПСЖ до 30 јуни, но кралскиот клуб ќе го претстави пред почетокот на еврото во Германија.
„Конечниот план на Реал е формално да го комплетира трансферот на Килијан Мбапе и да го објави пред еврото. Мбапе е под договор со ПСЖ до 30 јуни, а Европското првенство почнува две недели порано. Но, додека тој се уште ќе биде играч на ПСЖ пред еврото, Реал може да објави дека Мбапе е нивен. ПСЖ не може и нема да направи или ограничи ништо“, пишува Фабрицио Романо.
Мбапе за седум години во ПСЖ постигна 256 гола на 308 натпревари.