Во средата во 13 часот и 40 минути во задарската полиција било пријавено дека маж скокнал во морето од траектот кој сообраќал од Прек на островот Угљан до Задарска Гаженица. Еден човек скокнал од траектот на пат кон самото пристаниште.
Задарски.хр пишува дека, според неофицијални информации, екипажот на траектот на Јадролинија веднаш ја алармирал службата за итна помош, која ги пречекала во Гаженица, но немало помош за човекот.
Засега се утврдуваат сите околности на овој настан, повеќе информации ќе знаеме дури по завршување на истрагата“, велат од Полициската управа Задар.