Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) е оптимист кога станува збор за растот на светската побарувачка за нафта годинава и во 2025 година, изјави генералниот секретар на организацијата Хајтам ел Гајс на состанокот во Виена.
Тој очекува глобалната побарувачка за нафта оваа година да се зголеми за 2,2 милиони барели дневно на вкупно 104,5 милиони барели дневно.
Во 2025 година, побарувачката за нафта се очекува да порасне за 1,8 милиони барели дневно, на 106,3 милиони барели дневно.
Глобалната побарувачка за нафта ќе расте најмалку до 2034 година, вели во својата прогноза њујоршката банкарска корпорација Голдман Сакс.
Во прогнозата се наведува дека побарувачката на нафта ќе се зголеми на 108,5 милиони барели дневно во 2030 година и ќе достигне врв во 2034 година, кога ќе изнесува 110 милиони барели дневно.
Голдман Сакс додава дека и после тоа побарувачката за нафта ќе биде висока до 2040 година.