More

    Путин и Мирзијоев ги договорија деталите

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин на средбата во Ташкент со узбекистанскиот колега Шавкат Мирзијоев потпишаа договор Русија да изгради мала нуклеарна централа во централноазиската држава.

    Според Мирзијоев проектот е од витално значење за Узбекистан, кој има „големи резерви на ураниум“.

    Доколку договорот биде имплементиран, тоа ќе биде првата нуклеарна централа во Централна Азија, што дополнително ќе го зголеми влијанието на Русија во регионот.

    Проектот предвидува изградба на шест реактори со вкупно 330 мегавати, иако претходно двете земји разговараа за изградба на многу поголема нуклеарна централа од 2,4 гигавати.

    Путин вети и дека ќе ја зголеми испораката на гас за Узбекистан.

    Тоа е трето патување во странство на Путин од неговата инаугурација за петти претседателски мандат на почетокот на мај. Тој прво ја посети Кина, каде му се заблагодари на Пекинг за предлозите да се преговара за крај на војната во Украина, а потоа беше во Белорусија, каде што Русија има распоредено тактичко нуклеарно оружје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img