More

    Собранието го усвои Дневниот ред и ја избра Верификационата комисија

    spot_img

    „Вие зборот ‘различни’ го толкувате како ‘исти’ или како пропорционална застапеност или како соодветна, којшто е малку нејасен термин и од тоа толкување фактички ја имате оштетено Левица за еден член на оваа Комисија, затоа што е четврта партија во Собранието. Значи уште во стартот почнавме со лоши практики“.

    Вака говореше пратеникот Борислав Крмов од партијата Левица на конституирањето на Собранието денеска. Тој беше единствен кој зеде збор пред гласањето за конституирање на Верификациската комисија која врз основа на член 12 од Деловникот на Собранието треба да има 4 члена од различни политички партии.

    На Крмов му реплицираше Mерита Колчи Коџаџику од коалицијат вреди, која како најстара пратеничка, ја води конститутивната седница. 

    – Тоа беше одлучувано во кооординација со претставниците на политичките партии. Јас ги читам имињата како ми се дадени – рече таа.

    Потоа предлогот беше ставен на гласање. Од 117, гласале 100, 94 „за“, 6 „против“. Со ова беше усвоен предлогот со кој Дафина Стојановска е претседателка на Верификационата комисија, а членови се Благица Ласовска, Даниела Николова, Беким Сали и Дијана Тоска. 

    Стојановска одржа седница на која поднесе писмен извештај за верификација на мандатите на секој пратеник одделно.

    Претходно, со усвојување на Дневниот ред, почна конституирањето на 11 собраниски состав на Македонија. Пратеничката Колчи Коџаџику како најстара меѓу пратеницит ја водеше седницата. По интонирањето на македонската химна таа рече:

    – Дозволете ми во мое и во ваше име да ги поздравам присутните гости. Ве известувам врз основа на член 9 став 6 дека конститутивната седницаа трае најмногу 3 дена. Врз основа на Деловникот на Собранието се конститутира со избирање на претседателот. Ги назначувам Халил Снопче и Беким Сали кои ќе можат да ме заменат за одржување на седницата. Претседавачот со прозивка на избраните пратеници го утврдува бројот на присутните пратеници. Собранието може да се конституира ако присуствуваат мнозинство од избраните пратеници. 

    Деловниот ред беше избран со 93 гласа „за“. Од 117 присутни пратеници, гласаа 116. Беше гласано 3 пати поради технички проблеми.

    Дневниот ред кој беше изгласан има 4 точки: избор на претседател и членови на Верификациската комисија, верифицирање на мандатите на пратениците, предлог на избор на претседател, заменик, и членови за Комисија за прашањара за изборите и именувања и избор на претседател на Собранието.

    Партијата Алтернатива соопшти дека работните групи на Вреди и ВМРО-ДПМНЕ постигнале договор Африм Гаши да го предложат за претседател на Собранието. Претставници на двете партии изјавија дека очекуваат поддршка од мнозинството пратеници за избор на кандидатот за собраниски спикер.

    Поканети за гости на седницата беа и поранешните претседатели на државата Ѓорѓе Иванов и Бранко Црвенковски, сопругата на екс-претседателот Борис Трајковски, поглаварите на МПЦ и на ИВЗ, членови на техничката Влада, претседателот на Врховниот суд, главниот државен ревизор, гувернерот на НБРМ, началникот на Армијата, претседателите на политичките партии чии пратеници се присутни во Собранието, државниот правобранител, претседателот на МАНУ, претставниците на странските конзуларни мисии и други.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img