More

    Апасиев би го поддржал Гаши само ако претседава на македонски – Мицкоски пред изборите ѝ дал бланко понуда на Левица

    spot_img

    Пред почетокот на конститутивната седница за 11 парламентарен состав на Собранието, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека очекува сите кои се потпишале да дадат поддршка за Африм Гаши да биде претседател на Собранието.

    – Очекувам поддршка од сите оние кои се потпишани, Африм Гаши да биде претседател на парламентот  – рече Мицкоски.

    Прашан да го коментира Димитар Апасиев, кој понуди бланко поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, само ако Гаши не биде претседател на Собранието, Мицкоски рече дека Апасиев пред изборите имал бланко понуда да се приклучи и да застане на страната на македонското национално единство.

    – Тој одлучи повеќе да се посвети на прашањето каде ова лето да ужива, дали на Хургада или на друга грчка плажа и како што еден од неговите поранешни сопартијци вели дека тие биле група џанаци, така продолжува да се однесува – додаде Мицкоски.

    Претходно, Димитар Апасиев, претседателот на Левица, кој во Собранието има шест пратеници, рече дека тие би дале поддршка за политиките на власта, доколку не му се дозволи на Африм Гаши да биде претседател на Собранието.

    – Ние би дале поддршка, од нашите шест пратеници да не биде Африм Гаши претседател на Собранието. Отворено го повикуваме Мицкоски – бланко поддршка на невидено, само да не биде косоваризиран повторно македонскиот парламент – рече Апасиев.

    Тој појасни дека му пречи тоа што е противуставно да се зборува на друг јазик освен на македонскиот кога се претседава со седница.

    – Тоа значи илегалниот закон за двојачизност… ако зборува на македонски, тогаш може да правиме муабет. Сега вака нема да зборува и повторно ќе воведеме противуставна двојазичност и така, си ги гласавте патриотите, тоа ќе ви биде реалноста – рече Апасиев.

    Претседателот на ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, пред почетокот на денешната конститутивна седница изјави дека петмината пратеници од неговата партија ќе гласаат за Африм Гаши, доколку тој биде предложен за претседател на Собранието.

    Димитриевски му посака успех на новиот собраниски состав.

    – ЗНАМ очекува од овој парламентарен состав многу. Верувам дека како потенцијален партнер во идната власт ќе дадеме свој придонес со нашето политичко делување бидејќи веќе сериозно разговараме за имплементација на дел од нашите програмски определби во идната владина програма и владин состав – рече Димитриевски и додаде дека сѐ уште немаат договорено никакви кадровски решенија.

    – За нас во втор план се поделбата на власта и министерските позиции, на прав план е сето она што го ветивме во предизборниот период – рече Димитриевски.

    Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и лидерот на ДПА, Мендух Тачи одбија да одговорат дали ќе го поддржат изборот на Гаши за претседател на Собранието.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img