More

    Побарувачка за нафта во светот ќе расте најмалку до 2034 година

    spot_img

    Побарувачка за нафта во светот ќе расте најмалку до 2034 година, предвидуваат аналитичарите на њујоршката банкарска корпорација Голдман Сакс.

    Според прогнозата, побарувачката за нафта ќе се зголеми на 108,5 милиони барели дневно во 2030 година и ќе достигне максимум во 2034 година кога ќе изнесува 110 милиони барели дневно.

    Се наведува дека побарувачката за црното злато ќе биде висока до 2040 година.
    Ваквите прогнози покај другото се темелат и на продажбата на електрични возила со батерии (BEV), која според аналитичарите на корпорацијата, забавува на глобално ниво, додека интересот за хибридите (HEVs) и plug-in хибридите (PHEV) е повисок од очекуваното.

    Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) објави дека бројот на регистрирани електрични возила со батерии во април се зголемил за 14,8% на годишно ниво на 108.552 автомобили, додека пазарниот удел на тие возила остана стабилен на околу 12%.

    Во исто време, уделот на хибридно-електричните возила (HEV) значително се зголеми на годишно ниво, достигнувајќи 24,9% во април 2023 година. Некои компании веќе најавија дека во иднина повеќе ќе се фокусираат на производство на хибриди наместо на целосно електрични возила на батерии.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img