Меѓународниот ден на компирот ќе се одбележи на 30 мај, во чест на „многу важната храна“ во диетите ширум светот.
Овој ден ќе биде одбележан за прв пат во историјата, откако пред три години Перу иницираше да се одреди ден во чест на тој зеленчук, а Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), Ирска и Белгија ја поддржаа иницијативата.
Од 16 век, кога клубенот бил донесен од Андите во Европа, компирите станале основна храна за околу две третини од светската популација, според ОН и додаваат дека има околу 5.000 сорти на компири, пишува „ Brussels Times“.
ФАО го гледа компирот како решение за борбата против гладот, сиромаштијата и еколошките ризици и наведува дека тој е „трета најпотрошена основна култура во светот, по оризот и пченицата“.
ФАО додава дека од 2000 до 2020 година, површината посветена на одгледување компир се намалила за 17 отсто, додека производството се зголемило за 11 отсто.