More

    Никола Јокиќ кој сезонава по трет пат во кариерата ја освои титулата МВП на НБА, сè уште не потврдил дали ќе настапи за српската репрезентација на Олимписките игри во Париз

    spot_img

    Никола Јокиќ кој сезонава по трет пат во кариерата ја освои титулата МВП на НБА, сè уште не потврдил дали ќе настапи за српската репрезентација на Олимписките игри во Париз. И додека цела Србија стравува од уште едно откажување на нивниот најдобар кошаркар, Јокиќ кој по елиминацијата на Денвер во полуфиналето на Западната конференција доби малку повеќе време за одмор, секој слободен момент го користи да биде со своите коњи.

    Селекторот Светислав Пешиќ собирот на српската репрезентација пред настапот на ОИ 2024 во Париз го закажа за крајот на јуни и сите се прашуваат каде е Никола Јокиќ. Одговорот го даде видео објавено на социјалните мрежи.

    Јокиќ е „уловен“ во Стокхолм, каде се одржува елитен коњски натпревар, а на една од трките славеше коњот на Јокиќ.

    Секако, неговото доаѓање не можеше да помине незабележано.

     

    Во сагата околу настапот за српската репрезентација, прво се појави вест дека Јокиќ прифатил да игра која селекторот  Пешиќ експресно ја демантираше.

    Србите се надеваат дека сѐ уште има надеж, но паниката навлезе меѓу српските навивачи и тоа со добра причина.

    Актуелниот МВП во НБА лигата четири пати досега и откажуваше на српската репрезентација, додека цела нација се надева дека нема да има и петти пат во олимпиското лето.

    Јокиќ двапати му кажа „не“ на Александар Ѓорѓевиќ, еднаш на Игор Кокошков и последен пат на Светислав Пешиќ.

    Првиот турнир кој Јокиќ го прескокна беше Евробаскетот во 2015 година на кој српската репрезентација го освои четвртото место.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img