More

    Камчев се спогоди за случајот „Империја“ – Една година затвор и околу 6 милиони евра за државата

    spot_img

    Предметот „Империја“ за бизнисменот Јордан Камчев е завршен со спогодба. Ова го изјави шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во интервју за „Топ тема“ на телевизија Телма, кое ќе биде емитувано вечерва.

    Според Русковска, Камчев признал вина во случајот „Империја“ и добил казна затвор од една година. Русковска вели дека Камчев исто така се согласил да уплати 5,1 милиони евра во државниот буџет, односно правното лице „Кара“ од Скопје.

    Постапката на спогодување е целосно завршена и сумата што веќе ја уплатил Камчев е повисока и достигнува околу 6 милиони евра.

    Обвиненијата за неговата мајка Ратка Куновска и за неговата сестра Тина Камчева се повлечени.

    Според наши сознанија, повеќе лица, меѓу кои и Ненад Јосифовиќ, склучиле спогодби за овој предмет.

    Се зборува дека во тек се и преговори со Цветан Панделески, но и со Сашо Мијалков, кои исто така се опфатени со истрагата за „Империја“, во која повеќе лица беа осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои и перење пари и злосторничко здружување, во периодот од 2004 до 2009 година.

    Обвинителството и официјално ја потврди информацијата за спогодбата и додаде за останатиот дел после 2009 година и за стечајната постапка во МПМ, истрагата продолжува.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img