Денеска, доцна попладне, Центарот за управување со кризи (ЦУК) доби пријава за четири лица, меѓу кои и едно 7-годишно дете, кои планинарејќи го згрешиле патот и залутале на стрмно место што претставувало опасност за понатамошно нивно движење.
Локација на настанот е патот од село Кожле кон Велес („месност „Манастирски Мост“).
Регионалниот ЦУК Велес веднаш комуникациски координираше за пронаоѓање со СВР Велес, ДЗС – Велес и Општина (ЕЛС) Велес.
Тим од 3 члена од ДЗС известиле дека тргнуваат веднаш за да ги извлечат залутаните лица, со детенцето, од опасниот стрм предел меѓу село Кожле и Велес.
Повикувачки број за Центарот за управување со кризи (ЦУК) е „112“.