More

    Нов инцидент една недела по несреќата на иранскиот претседател

    spot_img

    Хеликоптерот на ерменскиот премиер Никол Пашинјан принудно слета на стадион во градот Ванадзор, 132 километри северно од Ереван, главниот град на Ерменија, соопшти ерменската влада. Во објавата на Телеграм, од ерменската валда соопштија дека Пашинјан со хеликоптерот одел кон градот Ташир на границата со Грузија, 152 километри северно од Ереван.

    Принудното слетување било поради лоши временски услови и Пашинјан се чувствува добро, јавија локалните медиуми.

    Ова го соопшти и Пашинјан преку порака на Фејсбук.

    „Се е во ред. Поради лошите временски услови, нашиот хеликоптер слета во Ванадзор (главниот град на провинцијата Лори). Сега да го продолжиме патувањето со автомобил“ – напиша Пашинјан.

    Инцидентот со хеликоптерот на ерменскиот премиер се случува помалку од една недела по хеликоптерската несреќа во која загинаа иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img