Пуштал роботски повици со гласот на Бајден – Американец се соочува со милионска казна

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со казна од шест милиони долари се соочува политички консултант кој организирал таканаречени роботски повици со гласот на американскиот претседател Џозеф Бајден за да бидат испратени до граѓаните во американската сојузна држава Њу Хемпшир.

Гласот – дело на вештачката интелигенција, беше искористен за да ги одврати гласачите да гласаат за Бајден – објави американската Федерална комисија за комуникации (ФКК).

Повиците се упатени за време на партиските прелиминарни избори на кандидати за ноемвриските претседателски избори, а Стивен Крамер се товари за организирање на таа активност и за уште дваесетина кривични дела.

Крамер се соочува со 13 кривични пријави затоа што се обидел да одврати некого да гласа со користење на лажни информации. Нему му се закануваат и 13 прекршочни пријави бидејќи лажно се претставувал како кандидат преку сопственото или туѓо однесување.

Набргу по прелиминарните избори во Њу Хемпшир, ФКК забрани роботски повици што содржат гласови генерирани од вештачка интелигенција.

Федералната комисија за комуникации рече дека казната што ја предложи за Крамер е првата поврзана со употребата на генеративна ВИ-технологија.

Share This Article