Амбасадорот на САД во Приштина, Џефри Ховениер, изјави дека во 2013 година Приштина се обврзала да формира Заедница на српски општини поради што е неопходен чекор испраќањето на нацртот на ЗСО до Уставниот суд во Приштина.
– Очекуваме Косово да ги исполни сите свои обврски. И според нас, за Косово, тоа итно вклучува напредување за ЗСО, односно испраќање на нацрт-статутот до Уставниот суд на уставна оцена – изјави Ховениер за РТК.
Тој посочи дека постои нацрт-статут на ЗСО, што го подготвил специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.