More

    Докторот откри кој чај редовно да го пиете за да го заштитите срцето и да го намалите крвниот притисок

    spot_img

    Многу луѓе сакаат да пијат чај, а некои го пијат како замена за кафе, имајќи предвид дека многу чаеви содржат значително помалку кофеин. Различни здравствени придобивки се поврзани со пиење одредени видови на чај, а д-р Тим Бон верува дека редовното консумирање црн чај може да помогне во заштитата на срцето и намалување на крвниот притисок.

    „Се чини дека уживањето во шолја црн чај има придобивки за срцето и крвниот притисок, благодарение на малку познатото, но моќно соединение наречено теарубигин“, истакнува Бон, пренесува Express.

    Тој додава дека црниот чај содржи теарубигин, кој е вид на флаван-3-ол во флавоноидната група полифеноли, познат по своите моќни антиоксидантни и антиинфламаторни својства. „Здравствените придобивки од теарубигинот вклучуваат ефекти врз крвните садови, намалување на воспалението, релаксирање на мазните мускули и проширување на артериите“, објаснува тој.

    Освен што го штити срцето, соединението теарубигин влијае и на крвниот притисок. Бон истакнува дека „крвниот притисок е една од клучните области на здравјето на кои може да влијае теарубигинот“.

    Тој објаснува дека сварениот црн чај може да содржи 115 mg флаван-3-ол на 100 грама. „Во црниот чај, теарубинините сочинуваат дури 70 проценти од флаван-3-ол, или 81,3 проценти на 100 грама“, додава тој и заклучува дека црниот чај треба да се пие што почесто, пренесува „Експрес“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img