Мажот кој се самоуби скокајќи од 14. спрат на зграда во градот Тузла во Босна и Херцеговина има иницијали М.Ч. и бил вработен како медицински техничар во Германија, а во Тузла пристигнал пред неколку дена, тврди порталот Klix.ba. Информациите не се потврдени. Истражувачките тимови вршат увид во станот во населбата Ступине на од каде скокна мажот, пренесува српски Мондо.
Таму беа пронајдени телата на неговата сопруга и двете деца, за кои постои сомневање дека ги убил пред самиот да си пресуди.
„Синоќа околу 21 часот и 15 минути сопругот и татко на децата се самоубил скокајќи од зграда во истата населба. Во моментов се утврдуваат сите околности поврзани со овие настани“, изјави портпаролот на Обвинителството на ТК, Адмир Арнаутовиќ.
Според Дневни Аваз децата биле на возраст од 2 и 9 години. Порталот објави снимка од зградата каде се случи трагедијата: