More

    Путин за Раиси: Извонреден политичар кој го посветил својот живот на служење на својата земја

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот изрази сочувство за смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и други високи функционери во хеликоптерска несреќа во неделата.

    „Ебрахим Раиси беше извонреден политичар чиј што цел живот беше посветен на служење на својата земја. Тој со право уживаше голема почит од своите сонародници и значителен авторитет во странство“, рече Путин во телеграмата со сочувство до иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

    Путин го опиша Раиси како „вистински пријател на Русија“, нагласувајќи дека тој дал „непроценлив личен придонес“ за развојот на односите меѓу Москва и Техеран и напорно работел за да ги подигне на ниво на стратешко партнерство.

    Хеликоптерот со иранскиот претседател Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан, гувернерот на Источен Азербејџан Малик Рехмати и водачот на петочната молитва во Табриз, имамот ајатолах ал-Хашем, наводно „тешко слетал“ вчера поради временските услови додека се враќал од свеченото отворање на браната на граница со Азербејџан. Подоцна беше потврдено дека во оваа несреќа нема преживеани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img