Одземени се 30 грама дрога и пиштол од скопјанец, по заедничка акција на инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа и крим полицијата при МВР.
Дрогата е откриена при претрес на лицето извршен откако тоа подигнало пратка во Пошта пристигната од Германија. Во координација со дежурен јавен обвинител, инспектори од Секторот за контрола и истраги заедно со припадници од МВР извршиле и претрес во домот на лицето каде е пронајден пиштол кој е одземен од страна на царинските инспектори.
Против лицето ќе биде поведена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.