Новата претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, веќе ја резервираше својата прва официјална дестинација. Таа ќе патува во Рим на чествувањето на 24-ти мај за светите браќа Кирил и Методиј.
На 23-ти мај претседателката ќе има аудиенција кај Папата Франциск, а на 24-ти ќе ја посети базиликата Свети Климент каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, а потоа и базиликата Санта мариа Маџоре каде се наоѓа плочата испишана на македонски јазик.
Во рамки на посетата на Рим, претседателката ќе се сретне и со колегата Серџо Матарела. Нема информација дали ќе се сретне и со бугарскиот колега Румен Радев, пракса која се воспостави по потпишувањето на договорот за добрососедство.