More

    Полицијата во Грац уапси малолетна Црногорка која планот го открила на социјална мрежа

    spot_img

    Девојката (14) по потекло од Црна Гора е осомничена дека сакала да го изврши напад во австрискиот град Грац, а при претресот на нејзината куќа истражителите пронашле оружје и ужасни фотографии и видеа од обезглавувања.

    Таа, како што се наведува, имала една цел: да ги убие сите неверници.

    Според полицијата, девојката веќе купила оружје како секира, нож и облека со цел по случаен избор да нападне луѓе во Грац, пренесува Кроне.

    Таа испратила и слики од нејзините планови за напад на истомисленици преку апликацијата Телеграм.

    Нападот требало да биде „насочен кон неверниците“, а планот вклучувал случајно убиство на „луѓе облечени во црно“ и убивање „што е можно повеќе“.

    Австриската полиција не знае точно кога било планирано да се изврши нападот, но е сигурна дека нападот ќе се случел.

    – Претпоставуваме дека тоа беше неизбежно – рече портпаролот на полицијата Фрик Грундинг.

    Девојчето е родено во Црна Гора и живее во Грац, но нема австриско државјанство.

    Претресот на куќата е извршен по наредба на јавниот обвинител во Грац, а на лице место е пронајдено оружје и облека, по што девојката е уапсена.

    При распитот девојката не признала што планира, а на сослушувањето присуствувале нејзините родители кои наводно не знаеле за страшните планови на нивната ќерка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img