Германската полиција уапси 8 климатски активисти кои упаднаа утрово на аеродромот во Минхен. Поради инцидентот аеродромот накратко беше затворен и беа откажани околу 60 летови.
– Шест климатски активисти се пробија и со лепак се залепија за пистата – изјави портпаролот на полицијата, додавајќи дека ситуацијата сега е под контрола и дека двете аеродромски писти се отворени за слетување и полетување.
Овој упад на писта доаѓа за време на еден од најпрометните празнични периоди за овој аеродром во јужна Германија.
Климатската група Last Generation, која одржа слични протести во минатото, рече дека е одговорна за акцијата во серија објави на Платформа X на кои се прикажани членови на писта со протестни знаци.
„Вкупно 6 лица седат во две групи на различни локации на аеродромот во Минхен“, се вели во соопштението.
На еден од таблите пишуваше: „Проблемот е владата, а не нашиот празник“.
Портпаролот на аеродромот изјави дека аеродромот бил целосно затворен за полетувања и слетувања речиси 2 часа.
– Единаесет летови се пренасочени, околу 60 се откажани, а можни се и доцнења – рече тој.