Најдолгиот мост на светот со проѕирен под беше отворен во петокот за сите храбри патници подготвени да го поминат меѓу две планини во Виетнам.
Изграден во планините на северот од земјата, мостот со стаклен под е најновата атракција во планинската област, која веќе е една од најпопуларните туристички дестинации во земјата.
Отворен по повод 47-годишнината од крајот на Виетнамската војна, мостот Бел змеј или Бах Лонг на виетнамски е долг 632 метри и се состои од три слоја калено стакло со дебелина од 40 мм. „Се надеваме дека мостот ќе и помогне на нашата компанија да привлече домашни и странски туристи во областа Мок Чау“, рече Маи Три Тју, заменик директор на туристичката компанија 26 Мок Чау. „Се пријавивме за вклучување во Гинисовата книга на рекорди како најдолг пешачки стаклен мост во светот.
Дури и ако стаклото се скрши, мостот сепак може да издржи тежина од пет тони, велат од компанијата. Организацијата вели дека го тестирала мостот дозволувајќи им на тешки камиони и автомобили да го преминат по инсталацијата. Мостот е распнат на височина од 150 метри над земјата, па на трагачите по авантури им нуди вистински наплив на адреналин.
Се протега преку долина меѓу две планини и може да ја издржи тежината на најмалку 500 луѓе кои одат по неа, соопшти компанијата.
Доколку Гинисовата книга на рекорди ја прифати нивната апликација, мостот ќе престигне сличен во кинеската провинција Гуангдонг долга 526 метри, како најдолг мост во светот. Округот Мок Чау, кој се наоѓа на околу 200 километри западно од Ханој, може да се пофали со огромни планински висорамнини и е една од најпопуларните туристички дестинации во Виетнам, позната по боровите шуми, пештерите на лилјаците, водопадите, езерата и ридските плантажи со чај.