Семејна трагедија ја задеси младата пејачка на Гранд“, Александра Тадиќ Ципка (25). Денеска почина нејзиниот сопруг Небојша Јарин Стојиќевиќ, а тажната вест ја потврди и нејзиниот најдобар пријател, пејачот Александар Мисојчиќ Ксандар.
– За жал, информациите се точни. Штотуку ми јавија. Одам во Шабац да бидам со неа во најтешките моменти – рече тој.
Стојиќевиќ имал 52 години, 27 години постар од сопругата, а како што е познато, причина за смртта биле последиците од срцев удар.
Небојша починал денеска, во утринските часови.
Инаку, пред неполн месец на 22 април годинава почина и свекорот на пејачката, таткото на Небојша Стојиќевиќ.
Пејачката пред две години во тајност го кажа судбоносното „да“, а не сакаше многу да коментира за нивната врска во јавноста.
Александра и Небојша ја крунисаа својата љубов со брак во 2022 година, по повеќе од 10 години врска.
Ципка никогаш не криела колку го сака и колку тој ја поддржува, а нивната љубов била голема иако пејачката не сакала премногу да зборува за приватниот живот во јавноста.
Секој момент го користеле да бидат заедно, но судбината сепак ги раздели со неговата ненадејна смрт. Покојниот сопруг на Ципка беше угледен бизнисмен, косопственик на компанија која се занимава со увоз, продажба и поправка на користени и нова пекарска опрема и машини.
Бил не само во Србија, туку и низ регионот, а станал директор на јавното претпријатие „Инфраструктура“ задолжено за инвестиции во градот Шабац.
Ципка го кажала судбоносното „да“ во тајност, а по венчавката признала дека многу ужива во бракот.
– Брачниот живот е убав. Се сакаме и почитуваме. Заедно сме долги години и сега тоа го крунисавме со брак. Засега сè е во ред – изјави тогаш пејачката за „Гранд“ и не криеше дека животот значително ѝ се променил по бракот.
Пејачката и нејзиниот сопруг имаа многу планови за иднината, а неговата ненадејна смрт несомнено ѝ зададе голем удар во животот.