Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи да испишува историја во НБА со уште едно неверојатно достигнување со кое го надмина и легнедарниот Шекил О’ Нил.
Центарот на Денвер постигна 40 поени и имаше 12 асистенции во победата над Минесота (112:97). Тој стигна до „квотата“ од 591 асистенции во натпреварите од плејофот. Со ова достигнување Јокиќ го надмина на вечната листа го Шекил О’Нил кој има 582 додавања, во конкуренција на центрите. Пред Србинот во оваа категорија сега останаа само тројца играчи.
На врвот е Карим Абдул Џабар со 767 асистенции, Бил Расел има 727, а Вилт Чембрлен 673.
Денвер поведе во серијата со Минесота со 3-2, следниот меч се игра во петок.