Вчера голем број на навивачи на Тотенхем се радуваа кога клубот за кон навиваат губеше од Манчестер Сити, а тоа не можеше да си поверува ниту тренерот.
Имено, чудната ситуација доаѓа поради тоа што на тој начин Арсенал е ставен во непријатна положба во пресрет на последното коло од англиското првенство во кое му е потребно чудо за да дојде до првата титула по пауза од 20 години. Сепак, на оние најверните фанови на Тотенхем не им е важно што се случува со другите и не им е многу пријатно кога гледаат како на домашен терен се слават победите на останатите екипи.
Еден од нив вчера многу се изнервира и пријави двајца кои бурно го славеа водството на Манчестер Сити. Прво отиде до нив да ги прекори, а потоа го повика обезбедувањето кое ги истера „предавниците“ од стадионот. За жал на Тотенхем, останатите кои се радуваа останаа на трибините до крајот.
Уште пред натпреварот тренерот на Тотенхем, Постекоглу порача дека не може да си поверува дека има навивачи кои сакаат да загубат, вчера го покажа тоа и во текот на натпреварот.
Имено, во текот на натпреварот Постекоглу влезе во расправија со еден од фановите на стадионот кој посакуваше пораз поради Арсенал.