More

    Најмалку 22 пловила изгореа во големиот пожар што рано утринава избувна во пристаништето во Медулин, пожарот е ставен под контрола нешто пред 7 часот, а нема повредени

    spot_img

    Најмалку 22 пловила изгореа во големиот пожар што рано утринава избувна во пристаништето во Медулин, пожарот е ставен под контрола нешто пред 7 часот, а нема повредени, јавува Индекс. Во пожарот нема повредени, но предизвикана е голема материјална штета. На фотографиите и снимките се гледа како огнот брзо се проширува и го опустошува пристаништето во Медулин.

    Пожарот е ставен под контрола по 7 часа, а пожарникарите успеале да го спречат ширењето на огнот на другите пловни објекти.
    Некои чамци беа целосно изгорени, а други делумно изгаснати, но прашање е дали ќе бидат повторно во функција.

    – Пламените јазици многу брзо се проширија низ сите чамци до крај, пожарникарите брзо дојдоа, но не можеа да направат ништо. Кога стигнавме, веќе беа зафатени повеќе од 20 чамци. Ние, како што велиме во жаргон, го пресековме пожарот за да не се прошири на другите чамци и успеавме да го спречиме. Некои чамци се откачија и запалени почнаа да пливаат. Моравме да ги ловиме, успеавме да го спречиме ширењето и таму – вели сопственикот на еден од изгорените чамци.

    Според првичните проценки на противпожарната служба, пожарот најверојатно избил во електроинсталацијата на некој од бротчињата.
    фото: Јутарњи.хр

    – Се запалила некоја електроинсталација, претпоставувам, почнало од некаде и огнот брзо се проширил. Тешко е да се изгасне таа пластика, треба да дојде брод за гаснење од морето – изјави пожарникарот Самир Граховиќ за хрватските медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img