Џон Траволта по смртта на сопругата повторно го отвори срцето

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Џон Траволта остана вдовец во 2020 година кога неговата сопруга Кели Престон почина од рак на дојка. Двојката беше во брак 30 години и познатиот актер призна дека оттогаш тагува по неа. Сепак, се чини дека работите се менуваат и дека колешката Кристин Дејвис успеа конечно да го извлече од стегата на тагата.

Како што пишува порталот Шекноус, пријателите на познатиот актер ја поддржуваат оваа романса, бидејќи се плашат дека тој засекогаш би можел да ја затвори вратата за нова љубов по смртта на сопругата.

– Џон се плаши да се отвори, повторно да биде ранлив и да се заљуби, што е многу тажно. Тој е најљубезното, најубавото момче и има најголемо срце од сите што ги познавам – изјави пријател на познатиот актер.

Траволта и Дејвис моментално го снимаат филмот „Cash Out“, а според оние кои работат заедно со нив на сетот, хемијата меѓу нив е толку силна и речиси опиплива.

Холивуд веќе бруи за нивната романса. Кристин наводно веќе е вљубена во Траволта, а се чини дека и тој ги дели истите емоции.

– Луѓето кои ги виделе заедно велат дека е очигледно дека е целосно воодушевен… Џон на сите им кажа дека Кристин е паметна и убава. Нивните пријатели мислат дека се совршени еден за друг и дека доколку Џон не ја искористи шансата, ќе пропушти нова голема љубов – изјавил извор близок до познатиот актер.

Многумина веруваат дека Траволта се плаши што ќе му кажат децата, но се чини дека и тие мислат дека Кристин е одлична и дека нивниот татко треба да се врати во нормалниот живот и да почне да излегува со други жени.

- Advertisement -
Ad image

 

Џон Траволта и Кели Престон беа во брак од 1991 до 2020 година, кога таа почина. Имаа три деца,  нивниот најстар син Џет беше аутистичен и почина во 2008 година кога беше со своите родители на Бахамите.

- Advertisement -
Ad image

Покрај него, двојката ја имаше и ќерката Ела Блу, како и синот Бенџамин, кој е роден во 2010 година на Флорида.
За разлика од него, Кристин Дејвис никогаш не се омажила, а посвоила две деца – ќерката Џема Роуз и синот Вилсон.

Share This Article