More

    Објавени драматични снимки од руските сили кои влегуваат во Вовчанск, се водат улични борби

    spot_img

    Руските сили отворија силен оган врз пограничниот град Вовчанск во северна Украина. Москва во моментов комбинира воздушни напади, тешка артилерија, пешадија и беспилотни летала.

    Снимката на Скај њуз покажува повеќе руски војници во градот, само три дена откако Русија започна ненадеен напад преку границата во украинскиот регион околу градот Харков.

    – Тие напредуваат во станбениот дел на Вовчанск (Волчанск на руски) и упаѓаат во туѓи куќи. Ова е само првиот бран. Ја тестираат нашата одбрана, кога целосно ќе влезат во градот и резервите ќе дојдат – изјави за Скај њуз Денис, командант на украинската извидничка единица.

     

     

    – Градот не беше подготвен за ова бомбардирање, ако почнат да удираат со наведувани бомби – ова ќе биде масовна гробница – вели тој.

    Како што пишува Скај њуз, Денис јасно ја изразува својата фрустрација поради, како што смета, неуспехот на Украина подобро да ја обезбеди одбраната на североисточната граница со Русија со мини и утврдени сили.

    Денис веќе еднаш се борел во одбрана на Харков и вели дека сега тој и неговите војници чувствуваат „дежа ву“.

    – Шокантно! Повторно се браниме и ја губиме и територијата и животот на војниците! – тој вели.

     

     

    Командантот на извидувачката единица тврди дека Русите овојпат се многу поподготвени.

    – Тие беа натоварени со неверојатно количество ракетни системи за повеќекратно лансирање и артилерија – тврди тој.

    Антон Герашченко, специјален советник на украинскиот министер за внатрешни работи, на својот профил на Твитер сподели и жестоки снимки од борбите околу и во Вовчанск.

    Како што пренесува тој, во Вовчанск во моментов останале само 500 луѓе (од речиси 20.000 пред војната), а градот сѐ уште е под контрола на вооружените сили на Украина.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img