Претседателот на партијата Македонци во Србија, Горан Илијевски, испрати писмо до новата претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, да се огради од „непромислената“ одлука на министерот за надворешни работи Бујар Османи и со тоа да ја поништи одлука за прогласување геноцид во Сребреница.
Пред гласањето за Резолуцијата на 2 мај, Османи изјави дека Македонија е еден од коспонзорите на Резолуцијата на Обединетите нации(ОН) за геноцидот во Сребреница. Илијевски во писмото наведува дека одлуката на Османи е „приватна“ и дека е донесена надвор од македонските институции.
„Ова им наштетува на односите со Србија и македонската национална заедница во Србија, која е составен дел на српскиот народ. Бараме итен одговор пред седницата на ОН и нови инструкции до нашиот амбасадор во ОН“, вели Илијевски во писмото.
Шефот на Мисијата на БиХ во ОН, Златко Лагумџија, на 2 мај потврди дека е договорен конечниот предлог за резолуцијата за геноцидот во Сребреница. Договорениот текст на Резолуцијата за Сребреница го прогласува 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница во 1995 година, кој ќе се слави секоја година.