More

    Паметни леќи – решение во борбата против глауком

    spot_img

    Револуционерните паметни контактни леќи кои можат безжично да го следат очниот притисок во реално време и да го предупредат корисникот во случај на негово зголемување, претставуваат научно решение во борбата против гаукомот.

    Се проценува дека околу 80 милиони луѓе ширум светот страдаат од глауком, очна болест која се карактеризира со висок очен притисок што доведува до неповратно губење на видот.

    Факт е дека високиот притисок има погубно влијание врз здравјето на окото, а нема карактеристични симптоми, ниту се забележува додека не биде предоцна, што ја поттикна науката да бара решение.

    Во научен труд објавен во медицински списанија, беше објаснето дека паметните леќи содржат систем со двојна резонанца што ја зголемува точноста на следењето на квантитативниот очен притисок, витален индикатор за здравјето на очите.

    Овие достигнувања во технологијата на леќите би можеле да ја подобрат дијагнозата и третманот на различни заболувања на очите, а со тоа да го намалат ризикот од оштетување на видот поврзано со болести како што е глауком.

    Лекарите традиционално го мерат очниот притисок со анестезија на окото и примена на сонда на самото очно јаболко. Но, тоа значи дека притисокот се мери само во тој момент и дека неговата варијација во текот на денот не може да се следи, што може да зависи од физичките напори и температурата во околината.

    Паметните леќи овозможуваат постојано следење на очниот притисок и не се чувствителни на температурни промени.

    Сензорите во леќите се доволно чувствителни за да ги детектираат промените на притисокот, но и доволно издржливи за движења на очите, изложеност на влага и секојдневно абење.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img