Седум месечно бебе од Вевчани ,синоќа било донесено во коматозна состојба ,со повреди на глава во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“во Охрид,дознава редакцијата Охридскај.
И покрај интервенцијата на лекарскиот тим на болницата бебето починало,а како што дознаваме по налог на Јавен обвинител ќе биде извршена обдукција врз телото на бебето.
Како што дознаваме бебето наводно паднало од рацете на мајката на глава ,при што настанала коматозна состојба.Повеќе информации очекуваме во текот на денот од МВР.