More

    ПРВА ФОТОГРАФИЈА ОД КРШТЕВАЊЕТО НА СИНОТ НА МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ

    spot_img

    Српската пејачка Марија Шерифовиќ вчера го крсти својот син Марио, а сега ја објави првата фотографија од црквата Свети великомаченик Димитриј во Нов Белград, каде што се одржа свечениот чин.

    Имено, Марија Шерифовиќ објави фотографија на која се гледа како кумот го држи Марио, како и свештеникот кој го извршил овој чин.

    – Вчера го прославивме Василиј од Острог, потоа мојот прв американски Ден на мајката, но и крштевката на мојот мал синоок, мек памучен принц. Ти стана Божјо чедо и нека Господ и Свети Василиј те чуваат од секакво зло, а јас од тага и луѓе – напиша Марија во описот на фотографијата.

     

    Да потсетиме, Марија Шерифовиќ на крајот на минатата година го доби синот Марио, кој на свет го донесе сурогат мајка.

    Како што наведе Марија Шерифовиќ во првата изјава за „Блиц“, моментот кога го запознала синот не може да се спореди со ништо што доживеала досега.

    – Долго се подготвував за тој момент, безброј пати во главата замислував како ќе изгледа… Ми кажаа и мајка ми и блиските пријатели, но тоа чувство е неописливо со зборови, нешто најпосебно… Изгледа за мене дека тие неколку минути од првиот допир траеја прекратко или предолго… Едноставно толку многу емоции што прават секое друго чувство да престане – изјави музичката ѕвезда.

    Марија Шерифовиќ не крие колку многу и се променил животот по доаѓањето на свет на нејзиното прво дете Марио.

    – Марио е одличен, тој е прекрасно момче. Се снаоѓаме одлично. Тој е мало суштество со карактер што ми се допаѓа, ако е буден осум часа, седум се смее – рекла Марија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img