More

    Египет предупреди: Мировниот договор со Израел е загрозен

    spot_img

    Висок египетски функционер изјави за Асошиетед прес дека Каиро упатил протестна нота до израелската, американската и европската влада, велејќи дека војната во Газа го ставила нивниот децениски мировен договор со Израел — камен-темелник на регионалната стабилност — на висок ризик.

    Британскиот весник Гардијан наведува дека не се објавени дополнителни информации.

    Тамер Кармут, доцент по јавна политика на Институтот за постдипломски студии во Доха, изјави за Ал Џезира дека Египет стигнал до точка каде што разбира дека ситуацијата во Газа е „надвор од контрола“ и дека не можат да им веруваат на САД или на Израелците.

    Граничниот премин во Рафа е „црвена линија“ за Египќаните, рече тој, додавајќи дека фактот што израелски тенкови се на границата е кршење на мировниот договор од Кемп Дејвид.

    Египќаните, рече Кармут, сега се загрижени дека Израел ќе ги турне палестинските цивили на Синајскиот Полуостров.

    Египетско-израелскиот мировен договор од 1979 година го направи Египет првата арапска држава што склучи мир со Израел и ги зајакна односите меѓу Вашингтон и Каиро за време на 30-годишното владеење на Хосни Мубарак.

    Полуостровот Синај, заземен од Израел во блискоисточната војна во 1967 година, според тој договор беше вратен на Египет и беа воспоставени дипломатски односи меѓу двете земји.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img