Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ вчера се ожени со Исидора Мијановиќ.
Венчавката се одржа без многу помпа и присуство на медиумите, а актерот потоа се огласи на Инстаграм.
Младоженецот најпрво објави фотографија со својот кум Никола Хајдуковиќ, а во описот на фотографијата напиша: „Кум на резервоарот“.
Трифуновиќ потоа објави фотографија со сопругата и двајцата се среќни и насмеани.
Неколку часа откако се омажи за Сергеј Трифуновиќ, и Исидора Мијановиќ јавно ја соопшти важна одлука и промена – отсега се презива Трифуновиќ.
Таа со големи букви го напиша на својот инстаграм-профил, а воедно ја сподели истата фотографија со новиот сопруг.
На неа се прегрнуваат, а таа како коментар стави силна заклетва и ветување.
„Додека смртта не нѐ раздели“, напиша Исидора.
Да потсетиме, парот се венчаше на 12 мај во Белград.