Реакција за потенцијалниот дипломатски скандал вложи и министерот за правда Кренар Лога кој смета дека при свечената изјава е прекршен Уставот од претседателката Силјановска-Давкова.
„Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Силјановска. Или повторување на постапката или функцијата претседател на државата треба да ја преземе Јован Митревски (претседател на собрание), како вршител на должноста, наведува Лога во неговата реакција објавена на Фејсбук и споделена во соопштение до медиумите.
Кренар Лога е дел од струјата на Алијанса за Албанците, предводена од Зијадин Села и беше кандидат на коалицијата Европски фронт (водена од ДУИ) во 3-тата изборна единица.
фото: МИА