Битка за мандати во петтата и во шестата изборна единица

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Државната изборна комисија денеска објави дека добила 27 приговори од коалициите кои учествуваа на парламентарните избори.

Главната битка се бие во Изборната единица број 5. Таму 109 гласови натежнаа на страната на Европскиот фронт предводен од ДУИ. Коалицијата Европски фронт денеска соопшти дека со поднесени приговори до ДИК од други политички партии за нерегуларности на избирачки места во изборните единици 5 и 6 се прави обид да им се одземат два пратенички мандата.

Шефот на изборниот штаб на Европски фронт, Арбер Адеми, на прес-конференција попладнево рече дека „постојат сериозни обиди со политички дил, со политички договор да има изборен инженеринг, да се поткопува демократијата и слободната волја на граѓаните и на легитимитетот“.

-Другите политички партии врз основа на непринципиелен политички дил и договор и газејќи врз волјата на граѓаните, на оркестриран начин поднеле приговори за избирачки места во петтата и во шестата изборна единица, иако не е констатирана ниту една неправилност додека траеше изборниот процес и по неговото завршување. А дека тоа е така се самите потписи на сите членови на избирачките одбори предложени од самите политички партии кои денеска и овие денови поднеле приговори. Целта е јасна – сакаат на Европскиот фронт да му одземат два пратенички мандата иако тие се резултат на чистата волја на граѓаните и на нивното слободно изразување – изјави Адеми.

– Од авион може да се примети која е тенденцијата за изигрување на волјата на народот, На пример во Желино, во избирачкото место 2101 – за Влен гласале 332 гласачи, за Европски фронт 134. Ова избирачко место  е селото од каде што доаѓа претседателот на Беса, Билал Касами. Со приговорот самите тие го оспоруваат резултатот каде што тие имаат повеќе гласови. Вториот пример е во ИЕ5 каде се оспоруваат избирачки места каде нема гласови за Европскиот фронт, но каде што убедливо повеќе гласови има ВМРО-ДПМНЕ. На пример, во избирачко место 1295 во Охрид ВМРО има 409 гласови, СДСМ има 103, Европскиот фронт 0. Која е целта? Дали  се подготвува трансфер на гласови од една опција во друга опција само Европскиот фронт да има помалку еден мандат во Петтата изборна единица? – рече Адеми.

Социјалдемократите испратиле пет приговори за места во Изборната единица број 5. Станува збор за Струга, Битола и за Кичево.

Блиску до уште еден пратенички мандат е и победничката партија на изборите, ВМРО-ДПМНЕ, кои веќе освоија 10 пратеници во оваа изборна единица. На нив, за мандат во „петка“ им фалат 374 гласа. Од ДИК откриваат дека ВМРО-ДПМНЕ има поднесено осум приговори за „петката“, а тоа е за избирачки места во Охрид, Демир Хисар, Крушево, Кичево, Струга, Битола, Долнени и во Ресен.

Коалицијата „Вреди“ поднела десет приговори, за избирачки места кои се дел од Изборната единица број 6. Станува збор за Гостивар, Тетово, Желино, Боговиње и за Врапчиште.

Доколку се усвојат некои од приговорите и се прегласува на одредени избирачки места, тоа може да донесе промени во распоредот на мандатите, во Изборната единица 5, но и во „шестката“.

- Advertisement -
Ad image

Во законски определниот рок, приговори поднеле и од Левица – вкупно четири на број, за избирачки места во Чаир, Струга и Гази Баба.

Share This Article