Последната рунда разговори за примирје во Појасот Газа заврши откако Израел им укажа на посредниците, вклучително и САД, Египет и Катар, за резервираноста на Тел Авив во врска со предлогот на Хамас за заложниците, изјави израелски претставник.
Тој додаде дека израелската делегација се вратила од Каиро, а Израел ќе ги продолжи воените операции во Рафах и другите делови на палестинската енклава според планираното.
Преговорите продолжија во вторникот во Каиро, кога делегациите на Хамас и Израел се вратија во главниот град на Египет, откако претходната рунда преговори пропадна. Но договор за примирје не беше постигнат ни во оваа рунда преговори.