Една од најпопуларните жени во светот и ПР на сестрите Кардашијан-Џенер, Крис Џенер (68), откри дека има тумор.
Во најновиот трејлер за претстојната сезона на нивното семејно реално шоу, прикажано е како Крис во солзи ја споделува веста со своите деца.
– Ми пронајдоа циста и мал тумор – рекла Крис, а нејзината ќерка Кајли веднаш се расплакала.
Она на што веднаш се поврзаа сите фанови е дека Клои Кардашијан минатата година за ова време ѝ откри на јавноста дека боледува од меланом.
Во моментов не се знае во каква здравствена состојба е Крис, но фановите веруваат дека таа самата наскоро ќе и се обрати на јавноста, каде што детално ќе објасни сè.
Нејзината дијагноза на тумор доаѓа само еден месец по смртта на сестрата на Крис Џенер, Карен Хатон.
Инаку, се верува дека Крис е заслужна за популарноста на нејзините деца и дека нејзината ПР работа е се што им треба за да успеат.