Царинските службеници на граничниот премин Хоргош со Унгарија запленија непријавен накит, часовници и дукати во вредност од околу 350.000 евра, соопшти Царинската управа.
Како што се наведува во соопштението, на 8 мај, царинските службеници запленија багаж во кој имало повеќе од 200 дукати „Франц Јозеф“ во вредност од околу 40.000 евра и седум рачни часовници „ролекс“ во автомобилот на странски државјани кои патувале од Виена за Белград “ во вредност од 3.000 до 150.000 евра.
Освен часовници, во багажот бил спакуван и вреден златен накит.
Сите откриени вредни предмети се привремено задржани до завршување на постапката пред надлежниот суд, се вели во соопштението на Царинската управа.