More

    МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРИ ПОРАЗЕНИ ОД ФАРСКИ ОСТРОВИ

    spot_img

    Машката ракометна репрезентација на Македонија на гостувањето во Торшавн загуби од Фарски Острови со 34-27 (18-14)  во првиот натпревар од бараж двомечот за пласман на Светското првенство. Седумте гола негатива и инфериорноста во играта ја отежнуваат позицијата на македонската репрезентација пред неделниот реванш во Скопје и го ставаат во голема неизвесност пласманот на СП 2025.

    Во дуелот со Фараните, избраниците на селекторот Кирил Лазаров направија премногу грешки и немаа решение за полетната игра на домаќините кои пред полните трибини на малата сала „Холин а Халси“ дојдоа до голем триумф со кој се чекор поблиску до историски прв пласман на СП.

    Репрезентацијата на Фарски Острови од стартот наметна својата игра и водеше во текот на целиот натпревар, Македонија бркаѓе резултат, но во ниеден момент не усспеа посериозно да го загрози водството на домаќините.

    Најефикасен во македонскиот состав беше Филип Кузмановски со 8  гола, Марко Митев и Никола Костески постигнаа по 5, а 4 погодоци без ниедно промашување имаше Милан Лазаревски.

    Реванш натпреварот од бараж двомечот за пласман на СП се игра в недела од 19:00 часот во Скопје.

    фото: РФМ

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img