More

    Излезноста на претседателските избори до 15 часот изнесува 31,98%, а на парламентарните избори 36,75%

    spot_img

    Излезноста на претседателските избори до 15 часот изнесува 31,98%, а на парламентарните избори 36,75%, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.

    На претседателските избори гласале 548.271 гласач , додека пак за парламентарните избори 631.875 гласачи.

    Најголема излезност на претседателските избори има во Крива Паланка од 58,29%, а најмала излезност има во Липково од 5,14%.

    Најголема излезност за парламентарните избори има во првата изборната единица 41,78%, а најмала во шестата изборна единица  29,34%.

    Во однос на претходниот прв изборен круг, во истиот период, до 15 часот; гласале 2,6% помалку гласачи. Или на 24-ти април за претседател во истиот период гласале 34,57% од запишаните односно 614.892 избирачи. Денеска пак гласале 547.371 или 67.000 помалку гласачи.

    Во однос на парламентарните кои сега се одржуваат, излезеноста на претседателските е помала за речиси 5 проценти, односно за парламентарните избори гласале 36,72% од запишаните, а во вториот круг парламентарни 31,96%. Во број разликата е околу 88.000 гласачи повеќе во корист на изборите за пратеници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img