More

    Излезност до 13 часот: На претседателските избори 23,95%, на парламентарните 25,84%

    spot_img

    До 13 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од  2.472 избирачки места. Од вкупно запишани 1.261.526 гласачи на овие избирачки места, гласале 302.158 односно 23,95 %, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

    Најголема излезеност досега за Претседателските избори има во Крива Паланка, со 46,44%. Најмалата излезеност за претседателските избори е во Липково, со 3,28 %.

    – Споредено со вториот кrуг од Претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезеноста од 3,49% на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од Претседателските избори 2024 имаме намалување од 0,7%.- наведуваат од ДИК.

    До 13 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Парламентарните избори од 2.348 избирачки места. Од вкупно запишани 1.207.922 гласачи на овие избирачки места, гласале 312.070 односно 25,84%.

    – Најголема излезеност досега за парламентарните избори има во Кривогаштани, со 48,65 %. Најмалата излезеност за парламентарните избори е во Маврово и Ростуше, со 11,91 %. Споредено со Парламентарните избори во 2020 година имаме зголемување на излезеноста од 2,03 % на овие избори – велат од ДИК.

    До овој момент до ДИК се доставени вкупно 313 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 105 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 9 приговори се отфрлени како неуредни, а 40 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.

    Овој изборен ден го набљудуваат 1303 домашни набљудувачи, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари.

    Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 44, на кој заинтересираните граѓани можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.

    Исто така активна е и видео кол линијата на број 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат во текот на изборниот ден преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img