Авион на американската поштенска служба „Фед-екс“ полетал од аеродромот Шарл де Гол во Париз рано утринава и летал за Истанбул кога пилотот сфатил дека опремата за слетување не е во функција, пишува Дејли мејл.
На шокантното видео се гледа моментот кога авионот се обидел да изврши принудно слетување, но предниот дел се удрил во пистата, додека носот на авионот се лизгал на бетонот.
Од трупот на авионот летале искри додека тој шкрипел по асфалтот со чад што се извива.
Противпожарните и спасувачките екипи веќе чекале на местото на настанот, а турското Министерство за транспорт испратило екипи за итни случаи веднаш штом дознало дека опремата за слетување на пилотот не работи.
Во инцидентот нема повредени, а пистата каде што слетал авионот била затворена додека не се отстрани леталото.