ДИК ги соопшти најновите информации за излезноста на двојните избори до 11 часот.
Од добиени податоци од 2080 избирачки места каде се запишани 1.962.019 гласачи, гласале 141.087 гласачи, односно 12,87 проценти.
Најголема излезност има во Пробиштип, 27,85, а најмала излезност во Липково 1,76 отсто.
На претседателските избори е забележана нешто поголема излезност за разлика од првиот круг.
– Може да се забележи дека во источна и централна Македонија повеќе гласачи гласале на претседателски избори, додека во западниот дел излезноста е помала – рече Александар Даштевски, претседател на ДИК.
Од добиени податоци од 1976 избирачки места каде се запишани 1.030.092 гласачи, гласале 140.990 гласачи, односно 13,96 проценти.
Најголема излезност има во Кривогаштани – 28,38 проценти, а најмала во Врапчиште 5,5 отсто.
Споредено со парламентарните избори во 2020 година има зголемување на излезност од 2,69 отсто.
Даштевски истакна дека до ДИК до овој момент се доставени вкупно 164 приговори за заштита на лично избирачко право, 50 се усвоени. Седум приговори се отфрлени како неуредни, а девет се одбиени. Останатите се во обработка.
На двојните избори се гласа на 3.480 гласачки места во 80 општини во Македонија. За претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Разликата во гласовите е 1033, генерално поради граѓани кои стекнуваат полнолетство.