Влакната се многу важни за редовно дефекација, а еден од најдобрите начини за внесување на влакна во организмот е преку храна.
Диететичарите Анет Снајдер и Ејми Пендлтон Кеј издвоија еден од најдобрите видови јаткасти плодови кои би можеле да обезбедат редовно празнење на цревата и да го спречат запекот.
Како најдобар вид на јаткасти плодови, диететичарите ги издвоија бадемите и открија три причини зошто тие треба да бидат вклучени во исхраната за да немаме проблеми со запек, пишува „Eating Well“.
Добар извор на магнезиум
Магнезиумот е важен минерал поради многу причини, а одличен е и за ублажување на проблемите со запек.
„Влакната, магнезиумот и другите антиоксиданси кои се наоѓаат во бадемите можат да помогнат со дигестивни проблеми и да обезбедат здрав цревен микробиом. Здравата цревна флора со голем број добри бактерии придонесува за подобро варење во целина, што помага да се спречи хроничен запек“, истакнува диететичарката Ејми Пендлтон Кеј.
Тие се богати со растителни влакна
Освен што содржат магнезиум, бадемите се и одличен извор на влакна. Диететичарот Кеј истакнува дека „храната богата со влакна е важна бидејќи ја зголемува фреквенцијата на празнење на цревата, што доведува до подобрување кај оние кои страдаат од запек“.
Овие јаткасти плодови содржат растворливи и нерастворливи влакна. Секој од овие видови влакна е неопходен за нормално функционирање на цревата, а со тоа и за редовно празнење, пренесува Index.hr.
Тие содржат голем дел од здрави масти
Јадењето здрави масти може да помогне и за добро варење, се согласуваат диететичарите. Снајдер објаснува дека „диететските масти можат да помогнат во ублажување на запек со зголемување на силата на мускулните контракции кои ја поместуваат фекалната материја и го стимулираат дебелото црево да почне да се празне“.
Здравите масти во комбинација со влакна помагаат во одржување на заштитните цревни бактерии.