More

    Вака муабетат уредничката на „Русија Денес“ и нејзиниот колега

    spot_img

    Маргарита Симонјан, главна уредничка на руската државна телевизија на англиски јазик, „Раша тудеј“ (Русија Денес) и нејзиниот колега Владимир Соловјов на, според многумина, контроверзен начин истакнаа дека нивната држава е на праведната страна во руско-украинската војна.

    – Тие ни објавија војна. Што уште чекаме? Ќе треба да спроведеме специјална операција за демилитаризација на НАТО, а тоа можеби нема да биде лесно – истакна Симонјан.

    Соловјов се согласи дека тоа може да води и кон нуклеарна војна.

    – Ако решат да ја поддржат Украина, иако (рускиот министер за надворешни работи) Сергеј Лавров им рече дека тоа може да доведе до трета светска војна, ништо нема да ги спречи. Тие решија да играат на големо… Ова се копилиња без морал… Или ќе загубиме во Украина или ќе почне трета светска војна – нагласи тој.

    Симоњан продолжи со својот апокалиптичен тон за можната нуклеарна војна.

    – На мој ужас од една страна, а од друга страна, со разбирање дека состојбата е таква каква што е – додаде таа.

    Притоа, Соловјов, со доза фанатизам додаде:

    – Но, ние ќе одиме во рајот. А, нив (противниците) едноставно ќе ги снема.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img