Американскиот гигант за брза храна „Мекдоналдс“ соопшти дека со цел да се зголеми продажбата неговите готвачи создале „поголем и похранлив хамбургер“, објави Блумберг.
Новиот производ прво ќе биде претставен на одредени пазари за да се тестира неговата привлечност на глобално ниво.
Во декември, McDonald’s ги претстави плановите да го поттикне растот со фокусирање на основните ставки од менито.
Ова е прв пат во 84-годишната историја на компанијата да ги смени класичните хамбургери, наведува американската агенција.
Синџирот забележа пад на продажбата на пазарите со мнозинско муслиманско население поради обвинувањата дека го поддржува Израел во конфликтот на Блискиот Исток.
„Мекдоналдс“ негираше дека зазел каква било позиција за конфликтот во Појасот Газа и рече дека не е одговорен за постапките на франшизите.